Со полна пареа, се работи и се асфалтира на главната траса на дел од автопатот во изградба Кичево-Охрид, информира Јавното претпријатие за државни патишта.
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски заедно со инженерскиот тим изврши увид во активностите на траса при што беше известен дека се работи забрзано и дека работата на Изведувачите Гранит, Синохидро и Илинден се одвива на сите подделници од автопатот.
Покрај асфалтирањето се поставува и еластична ограда, се бетонираат плочасти и цевасти пропусти, се уредуваат клучки и натпатници, се поставува осветлување итн.
Очекувањата се наскоро, за многу краток период да биде ставена во функција уште една делница од автопатот во изградба Кичево-Охрид.
Од теренскиот увид беше видлива раздвиженоста на трасата каде што изведувачите заедно со подизведувачите работат под полна пареа. Директорот на ЈПДП Коце Трајановски им изрази јавна благодарност на сите чинители кои се активно и максимално посветен и вклучени во реализацијата на овој значаен проект.
5