Не стивнуваат рекациите по гафот на пратеничката Ванчева Калеска. Јавноста се мајтапи со пратеничката на СДСМ Снежана Ванчева Калеска на Фејсбук објави фотографија со спикерот на украинскиот парламент Руслан Стефанчук, но напиша дека тој е привремен претседател на Украина. Таа дури и погрешно го напишала, како „спикерот на украинската Врховна рада Олександар Турчинов“. Таа додава и дека тој воедно ја извршува привремено и функцијата претседател на Украина.
Набрзо, под нејзината објава Стефанчук се огласи со коментар за да објасни дека тој не се вика Олександар Турчинов и дека не ја извршува привремено функцијата претседател на Украина.
„Драга Снежана, драго ми е што се запознавме, но моето име е Руслан Стефанчук, јас сум спикер на украинскиот парламент, а претседател на Украина е Володимир Зеленски“ – ѝ напиша Стефанчук на пратеничката.
По овој гаф на пратеничката на СДСМ, ја пукнаа жената со шеги и на Твитер.
⚠️ЧЕКАЈТЕ ДРУГАРИ⚠️
А дека наша Снежана го утнала целото раководство на Украина во нејзината објава на ФБ 🤦♂️🤦♂️🤦♂️🤦♂️
па уште на објавата и реагирал Руслан Стефанчук, спикерот на Украинскиот парламент (Рада) 🤣🤣🤣🤣од чалам до блам 🤦♂️🤦♂️🤦♂️🤦♂️ pic.twitter.com/1OgHalyMWf
— MITE NAJDOFF (@Kalabalak_) May 26, 2023
Снеже тргна за Европа. pic.twitter.com/cgJO1pZnQB
— Wicked Mrchatina (@Mrchatina) May 26, 2023
— Henry Chinaski (@Hank___Chinaski) May 26, 2023