Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски имаше обраќање на Регионалната безбедносна школа во организација на германската фондација Конрад Аденауер.
-Денес се обратив на Регионалната безбедносна школа во организација на германската фондација Конрад Аденауер Konrad-Adenauer-Stiftung Skopje.
На оваа престижна школа имаше студенти од целиот регион со кои разговаравме за предизвиците на регионот, транспортните коридори кои ги поврзуваат државите и инфраструктурата во регионот, објави министерот Николоски на социјалните мрежи.
