Во претходните години имаше повеќе гафови со знамиња, а „старите навики“ на овие владини функционери не се менуваат.
Имено, утрово на официјалната страница на Фејсбук на „Армија на Република Северна Македонија“ беше промашен стикерот и беше објавено знамето на Исланд наместо Норвешка.
Сега, на објавата веќе е ставено норвешкото знаме, но ако се отиде view edit history лесно може да се забележи дека тоа е сменето по реакциите на јавноста.
Веќе започнаа шегите.
„Утре ако не нападне Косово, ќе стават знаме од Казахстан“, стои на објавата кај „Боемот“.
Ова не е првпат Македонија да падне на испитот на прашањето за познавањето на знамињата на државите од светот. Пред само неколку месеци, Османи ја пречека Тања Фајон со знаме на Словачка, наместо на Словенија. Поранешниот аврстриски премиер Себастијан Курц беше пречекан со знаме на Летонија наместо Австрија, пред црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ знамето беше поставено наопаку, а амбасадорот на Франција Тимоние во Охрид беше пречекан со знаме на Холандија наместо Франција.