Новак Ѓоковиќ испиша историја откако успеа да стигне до својата 22. гранд-слем титула и да се израмни на врвот на вечната листа со големиот ривал Рафаел Надал. Србинот до 10. рекордна титула на Австралија опен стигна откако во финалето славеше над Гркот, Стефанос Циципас со максимални 3-0, по сетови 6-3, 7-6 и 7-6.
Пред точно една година Новак Ѓоковиќ беше депортиран од Австралија поради тоа што немаше примено вакцина против коронавирус, а 365 дена подоцна стигна до својот десетти трофеј во Мелбурн.
„Една година е навистина долг период во тенисот“.