Од фотографиите ставени на неговата социјална мрежа, градоначалникот пишува дека во пресрет на туристичката сеозна, се уредуваат плажите, се поставуваат контењери и времени тоалети. Но од фотографиите може да се заклучи дека општината не се “ измачила“ многу за уредување на плажите.
Во пресрет на туристичката сезона, интензивно се уредуваат плажите на крајбрежјето, каде што се вршеше отстранување на бесправни објекти.
-Се чистеше дивата вегетација,се посипува автохтон песок, се засадуваат дрвја, се поставуваат нови контејнери и садови за отпад, се поставуваат времени тоалети, во текот на наредниот период ќе бидат поставени: клупи за седење, монтажни соблекувални фонтани за вода.Во рамки на своите ингеренции и можности, Општина Охрид ќе ги обезбеди сите потребни услови за непречено користење на плажите од страна на граѓаните и туристите, напиша на својот Фејсбук градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески .
Но, градоначалникот на Охрид ја пропушти можноста Охрид да го направи вистински туристички центар.
Општината дури сега пред избори се сети на „ дивоградбите“ , покрај долгогодишните апели на претставниците од Унеско. Па затоа пред почетокот на летната сезоната општината почна интензивно да ги руши плажите во Охрид. Акцијата беше за отстранување на диво поставените објекти долж Езерото.
По реализацијата на оваа акција за остранување на диво поставените објекти, сопствениците на платформи се спротивставија со образложение дека ги имаат сите потребни документи за работа и обвинија дека општината е селективна бидејќи плажите на големите хотели остануваат, а нивните се рамнат со земја.
За акцијата за уривање дивоградби се потрошени 6 милиони денари од Владата и дополнителни 3 милиони денари од општинскиот буџет.