Сестрата на починатата пациентка за Слободен печат вели:

– Би сакала на народот да му покажам што ми пиша додека беше во болница. Сите да видат и да прочитаат дека беше жива ја кажа вистината за фаталната грешка на лекарите, вели Билјана

Пораките кои ќе ги објавиме ја покажуваат болката и голготата како и стравот од исходот од оперативните зафати, низ која поминувала младата пациентка со потекло од Охрид, а живеела во Скопје.

Нејзината сестра Билјана исто така јавно го објави и отпусното писмо од Клиниката за дигестивна хирургија.

Еве го и фејсбук статусот на сестрата на починатата пациентка