Овде веќе има можност за субверзивно делување. Во изминатата недела:

– Изгоре Винчини

– Гореше Вардариште

– Гореше Дрисла

– Сега гори фабрика за пластика во Скопје.

Потребно е безбедносните институции итно да истражат дали некој намерно го прави се ова во очи на локалните избори и да откријат кој е виновникот.

Јас знам за една политичарка, која МВР за време на Оливер Спасовски ја фати жива во пиромански активности, но, не беше процесуирана затоа што требаше да смени страна.

Можеби потписот за дел од случувањава е нејзин, затоа што пироманијата е психијатриска дијагноза, а политичката пироманија е субверзивно делување насочено против државата, напиша Златев на неговиот Фејсбук профил.