Пожар избува попладнево во шумата во близина на хотелскиот комплекс „Аурора“ во Берово, јавува „Независен“. Гостите во хотелот се евакуирани.

Пожарот е локализиран и речиси изгаснат, сведочат дел од гостите во „Аурора“ за порталот.

За сега, на медиумите се појавија неколку слики од настанот, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот.