Како што дознава КУРИР, вработените од клиниката се евакуирани.

Според нивните неофицијални информации, нема повредени лица.

Откако попладнево избувна пожар на Институтот за радиологија на скопските клиники, КУРИР стапил во контакт со директорот на овој институт, Даниел Ѓурчинов.

Во телефонски разговор тој за КУРИР изјавил дека пожарот избувнал од една помошна просторија поради најверојатно неисправна информација и дека сега за сега е под контрола.

– Пожарот избувнал од една помошна просторија која долго време не е во употреба, таму порано се развиваа фотографии, но повеќе тоа не се прави, фотографиите ги правиме на ЦеДе. Во просторијата има само некои хемикалии и стари фотографии и снимки. Опасност нема никаква, сите се евакуирани, повредени нема. Причината за пожарот најверојатно е некоја неисправна инсталација, се уште официјални информации немаме, но најважно е дека пожарот е под контрола. Во моментов не се дозволува влез внатре, се уште има дим, вели Ѓурчинов за КУРИР.

Како што веќе информиравме, на терен се четири противпожарни возила и голем број на пожарникари.