Новиот мост, како што се вели во написите објавени низ медиумите, треба да биде отворен за еден месец од сега, односно пред вториот круг за Локалните избори.
Она кое градските власти (свесно или несвесно) пропуштија да го напоменат, е фактот дека булеварот „АСНОМ“ е готов и направен само во делот на Општина Аеродром, а мостот кој ќе биде готов за еден месец ќе води кон неасфалтирано земјиште, дрва, напуштени градби и кон прилично густо населено место.
Според коментарите достапни на социјалните мрежи, граѓаните го исмеваа овој потег на градските власти, а неколкумина потенцираа дека се уште не е извршена експропријација на земјиштето преку кое е предвидено да се спојат овие два дела од градот.