Струмичанецот, под сериозно дејство на алкохол, возел „голф“ на патот Струмица – село Банско.
Пред неколку часа струмичката сообраќајна полиција запрела 48-годишен граѓанин од Струмица за кој утврдила дека возел автомобил со 2,34 промили алкохол во крвта.

Пијаниот возач бил запрен на регионалниот пат Струмица – село Банско, во селото Куклиш. По извршената контрола со алкомер било утврдено дека автомобилот го управува со количина неколку пати поголема од дозволената. Возачот бил исклучен од сообраќај.

Нивото од околу 3 промили алкохол во крвта се дефинира како алкохолно труење.