Продолжува крвавиот конфликт во Израел. Терористичката организација Хамас која се крие во резидентните делови на појасот Газа е мета на се почести и успешни напади од страна на Израелската армија. Како што соопштија од армијата, вчера тие погодиле неколку локации на терористите, меѓу кои и локации од каде лансирале ракети кон Тел Авив и другите градови, делови од тунелите на Хамас, како и дел од крилото на Хамас наменето за противтенковска борба.

Како што наведуваат во соопштението, од Хамас повторно докажале дека намерно се кријат помеѓу цивили.

Погледнете ги и снимките од оваа акција на Израелската армија.