Меѓусебните напади меѓу Појасот Газа и Израел со ракети и бомби продолжија и денеска , но во малку помалку интензивна форма.
Како резултат на конфликтот од израелска страна, загинаа 7 лица, од кои 4 жени и едно дете на шест години. Нискиот број на жртви од Израелска страна се должи на успешниот противракетен систем, кој успеа да пресретне поголем дел од над 1000 ракети кои беа упатени спрема големите градови и населени места.
Од палестинска страна загинаа најмалку 83 лица, од кои 17 деца и 6 жени, но и десетици команданти на терористичката организација Хамас.
Стотици луѓе беа повредени од двете страни.
Во меѓувреме, израелската армија се подготвува за копнена операција, чие спроведување е се поверојатно, Израел мобилизира дел од резервистите.
Палестинците од друга страна, објавија дека се обидуваат да подготват одбрана, додека лидерот на Хамас објави дека Газа е подготвена да војува со Израел.
На социјалните мрежи, терористите од Хамас се пофалија дека сега ќе употребуваат и дронови против Израел, а на мета ќе им бидат аеродромите во земјата.