Познатиот српски глумец Милош Биковиќ кој на македонската јавност ѝ е познат по неговите улоги во повеќе филмови. Најголема слава му донесе филмот „Јужни Ветар“ каде тој ја толкува главната улога и е преставен како Мараш, а глуми и во „Шешир професора Косте Вујича“, „Монтевидео“, „Кад љубав закасни“ и слично.

Овие денови тој е во посета на Попова Шапка заедно со српскиот актер Александар Радојичиќ и поголемо друштво. Од објавите на Радојичиќ јасно може да заклучиме дека станува збор за Република Македонија, гледајќи го македонското знаме. Погледнете ја фотографијата во продолжение.

Додека сите ставаат слики како се наоѓаат во Попова Шапка, Република Македонија, само Милош Биковиќ објавува дека е во Србија.

Најверојтно станува збор за ненамерна грешка на српскиот актер бидејќи самиот тој неколку пати има изјавено дека многу ја сака Македонија, а исто така има и беровско потекло.