На претставниците од власта очигледно им треба забрзан курс за да ги научат државните знамиња на останатите држави, со цел да не не срамат како држава и како народ. Овој пат грешка со знамето направи градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски.

Градоначалникот кој деновите е во посета на САД, заедно со пратеници  од Собранието на Република Македонија на социјалните мрежи, споделувајќи објава од амбасадата на САД во Македонија, наместо америчко, стави знаме на Либерија.