-Патагониските мари се нови жители на Скопје Зоо. За првпат, Скопје е дом на овие јужноамерикански глодари кои потекнуваат од патагониската област во Аргентина. Често ги нарекуваат и патагониски зајак поради сличноста со ова животно. Тие се едни од најголемите глодари и се познати по нивниот специфичен изглед. Моментално се во карантин, поради адаптација на новата средина, напишаа од Зоолошката градина на Фејсбук.

 

Патагониските мари се нови жители на Скопје Зоо. За првпат, Скопје е дом на овие јужноамерикански глодари кои…

Posted by Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје on Wednesday, May 12, 2021