Почеток на голем образовен проект во Аеродром

Во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески, денеска беше поставен камен-темелник за изградба на нова спортска сала во ООУ „Блаже Конески“. Проектот е дел од втората фаза на доградба на училиштето, со вредност од околу 253 милиони денари и рок за реализација од 18 месеци.

Современи услови за учениците

Новата доградба ќе опфати изградба на 10 училници, библиотека, просторија за заеднички активности и целосно уредување на дворот со нова урбана опрема, зеленило и спортско игралиште. Предвидена е и набавка на нова училишна опрема, како и изведба на паркинг за потребите на училиштето.

Погледнете ја фотогалеријата:

  

Поддршка од Владата и Општината

Премиерот Мицкоски изјави дека Владата ќе продолжи да вложува во вакви проекти, нагласувајќи дека децата се највредното богатство на државата. Градоначалникот Митески потенцираше дека проектот ќе овозможи најсовремени услови за учениците во овој дел од општината. На настанот присуствуваше и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, поранешен градоначалник на Аеродром.