Франција е репрезентацијата која ќе ја предизвика Данска во големото финале на СП 2023 откако вечерва беа подобри од ко-домаќинот Шведска со резултат 31:26.

Од почетокот беше јасно дека Франција ќе го контролира на натпреварот. Единственото водство на Шведска беше при 2:3. Во продолжение Франција констатно имаше предност, иако тоа не беше убедлива разлика.

Најефикасен кај Французите беше Фабрегас со шест гола, Мем и Мае постигнаа по пет. Јохансон со пет гола беше првиот стрелец кај Шведска.