Францускиот Парламент го ратификува законот со кој се забранува одигрување професионални фудбалски натпревари во Франција на 5 мај во спомен на жртвите во катастрофата на стадионот „Фуриани“ на Корзика во 1992 година.
На тој ден пред 29 години една од трибините на стадионот во градот Бастија се урна пред полуфиналниот натпревар меѓу домашниот тим и Олимпик Марсеј во рамки на полуфиналето на националниот куп.
Во несреќата загинаа 18 луѓе, а повеќе 2.300 беа повредени.
Раководствата на Француската лига и на Францускиот фудбалски сојуз изразија негодување со забраната, која лани беше изгласана во Народното собрание, а официјално стапи на сила откако денеска беше ратификувана во Сенатот.
Законот се однесува на забрана за одигрување фудбалски натпревари во рамки на Лига 1, Лига 2, Купот на Франција и Лигата на шампиони.