Францускиот премиер Жан Катекс денеска поднесе оставка, соопштија од неговиот кабинет.
Британските медиуми претходно јавија повикувајќи се на два неименувани владини извори, дека Кастекс пристигнал во Елисејската палата за да поднесе оставка.
Оставката на Кастекс ќе ја овозможи долго очекуваната реконструкција на владата, по претседателските избори во април на кои Емануел Макрон го освои вториот мандат.