На територијата на Скопје полицијата вчера казнила 201 возач, од кои 24 биле санкционирани поради возење со брзина поголема од дозволената.

Како што информира МВР, 11 казни биле изречени за возење без возачка дозвола, четири за нерегистрирани возила, осум за минување на црвено светло, 11 за користење мобилен телефон при возење, шест за возење под дејство на алкохол, четири казни за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…

Министерството за внатрешни работи укажува дека ќе ги продолжи сообраќајните контроли и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.