Бомба експлодираше на улицата Нина Кирсанова во Звездара, во близина на ресторанот „Вртешка“ во Белград. Според првичните информации непознато лице фрлило бомба од автомобил, за среќа нема повредени при експлозијата. Биле оштетени три паркирани автомобили.

Не е познато дали ресторанот бил мета, со оглед на тоа што бомбата не била фрлена во ресторанот, туку на улица.