Македонија вечерва ќе ги стартува квалификациите за пласман на Светското првенство 2022, а прв противник ни е Романија, селекција на која и гостуваме. Натпреварот ќе се одигра на „Националната арена“ во Букурешт со почеток во 20:45 часот, а истиот нема да биде достапен на јавниот сервис МРТ или друга македонска телевизија, туку ќе го гледаме на каналите на „Спортклуб“
На истата фудбалска арена, на 13 јуни го играме првиот историски меч на едно Европско првенство, а ќе ги одмериме силите и со Украина.