Ова го пренесе и доброинформираниот италијански новинар Танкреди Палмери, потоа Фабрицио Романо, а наскоро се појави и изјавата на првиот човек на УЕФА.

Фудбалерите од Суперлигата нема да смеат да играат на европски и светски шампионати, а доколку таквата одлука навистина е на сила, фудбалот како што знаевме дека дефинитивно ќе престане да постои.

-На играчите од затворената Суперлига ќе им биде забрането да ги бранат боите на своите репрезентации на Европското првенство и на Светското првенство, рече Чеферин.

УЕФА е подготвена да возврати на секој можен начин во лигата формирана од 12-те најбогати клубови, а се уште се очекуваат дополнителни промени.

Исто така се додава дека УЕФА ќе се обиде што побрзо да ги казни „одметнатите“ клубови во тековната сезона на Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Ова значи дека не е исклучено ниту нивното протерување.

-Од овој момент, УЕФА и фудбалскиот свет се обединети во борбата против себичниот проект на неколку клубови мотивирани исклучиво од алчност. Заедно, ќе се бориме против бесмислениот проект, нагласил Чеферин.