„Црвено-жолтите“ по двата пораза во Букурешт ги загубија шансите за осминафинале, но против Холандија ќе имаат можност да стигнат до првите бодови на ЕВРО 2020.

Домаќинот на овој меч ќе игра растоварено, бидејќи веќе го обезбеди првото место во Ц-групата и пласманот во елиминациската фаза.

Натпреварот ќе се одигра на 21 јуни со почеток во 18 часот на „Јохан Кројф Арена“ во Амстердам.