Откако Кривичниот суд неодамна реши да ја одбие гаранцијата, и покрај позитивното мислење од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, односно на обвинителот Артан Ајро, Мијалков поднесе жалба до Апелација.
Предметот го добиле во вторникот, по што го пратиле во Вишото обвинителство. Таму пак била донесена одлука жалбата да се одбие и Мијалков да остане во притвор. Оваа одлука ја донел вишиот обвинителот Бурим Рустеми, кој беше дел од СЈО, а од неодамна беше избран за Виш јавен обвинител, информира Фокус.