Европа како систем на вредности

На одбележувањето на Денот на Европа 2026, претседателот на Собранието, Африм Гаши, порача дека европската иднина на земјата не зависи само од Брисел, туку пред сè од заложбата на секој граѓанин.

Тој истакна дека европскиот пат не треба да се гледа само како формална процедура, туку како прифаќање и негување вредности во секојдневното живеење, на работното место, во семејството и во општеството.

Компромиси без соодветна валоризација

Гаши потсети дека државата направила големи компромиси, меѓу кои и промената на името во 2018 година, но оцени дека тие чекори не биле соодветно вреднувани од главните европски рамки.

Тој посочи дека Црна Гора и Албанија се пред земјата во евроинтегративниот процес, додека Македонија сè уште чека отворање на поглавјата.

Младите како најголем аларм

Според Гаши, Европската Унија останува најдобриот пат за државата, но суштината на демократијата е да постојат алтернативи и отворена дебата.

Посебно се осврна на младите, предупредувајќи дека доколку не се направат радикални промени, голем дел од нив ќе продолжат да заминуваат од земјата.