По предлог-резолуцијата иницирана од ВМРО-ДПМНЕ, очекувам македонските партии да предложат и резолуција со која ќе се промени формулацијата за албанскиот јазик во Уставот кој е дефиниран само како „јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, а кои не се мнозинство“, вели за „Дојче веле“ Африм Гаши, лидерот на партијата Алтернатива, која е во коалиција со Алијанса за Албанците.
Не правете им го на други тоа што не сакате вам да ви го прават, им порачува Гаши на Македонците и нивните политички претставници.
Нагласува дека нема ништо против предлог-резолуцијата иницирана од ВМРО-ДПМНЕ, но смета дека идентична почит треба да се рефлектира и кон една од идентитетските компоненти на Албанците во земјата – албанскиот јазик.