Љубчо Георгиевски во гостување на ТВ Телма го кажа своето размислување за првоосомничениот за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски.
„Проблемот со Љупчо Палевски Палчо односно, како со неказнивост општеството создава злосторник, Ѓоргиевски го поврзува со длабоката држава чии корени се во поранешна Југославија. Според него една голема структура на соработници во службите се земени од криминалците, финансиски, банкарски па и од улицата. Тоа не е стандардот на ЕУ, но за жал, вели тој, ние не направивме реформи.
-Случајот на Љупчо Палевски покажува дека тоа фунционира. Тој само повеќе се засилува и него го профилираме, можеби има злоупотребено 50 – 100 деца направено наркомани по улиците, а некој од МВР стоел позади него. Сите луѓе се од Агенција на разузнавање и Државна безбедност. Палевски има шест кривични дела кои не се процесуирани (нелегален пиштол, ископ на злато, семејно насилство) Да се направи комисија и да видиме од 1990 година колку бил заштитен. Дивоградбата која ние сме ја рушеле, 1,5 милион евра отштета му била платена. Нека се провери кој е судијата. Да ја видиме неговата кариера, предлага Георгиевски.
Според него, судија или обвинител повеќе се плаши кога ќе му се јави некој од Државна безбедност, отколку од министер, и во овој дел, нагласи, потребни се реформи во државата“ рече тој.