Георгијадис, сепак објасни дека пред да стигне до отпуштање, компанијата ќе треба да ги исцрпи сите можности што стојат на располагање, како што е на пример работа од дома.
Вакцинацијата во Грција, засега, задолжителна е за здравствените работници и за вработените во центрите за грижа на лица.
Во конкретните центри, доколку вработен одбие да се вакцинира, нема да биде отпуштен од работа, туку ќе биде на принуден неплатен одмор на неодредено време.