Одлуката се совпаѓа со летите училишни празници во Германија чиишто бројни семејства ги минуваат на сончевите медитерански плажи во Шпанија или, пак, на брегот на Северното Море во Холандија.
Речиси половина од Германија не мора да одат во изолација бидејќи ги примиле двете дози од вакцината против Covid-19, но двете дози ги примиле само 2 отсто од населението помладо од 18 години, што ги загружува семејствата коишто патуваат во странство со деца и тинејџери.
Се очекува дека Шпанија ваквата одлука на Германија ќе ја дочека со негодување, иако последните неколку седмици бележи брз раст на новозаразените. Од средината на јуни до средината на јули бројот на заразените петкреатно е зголемен во Шпанија. Шпански функционери веалт дека покрај вакцинирањето на населението и бројот на хоспитализациите кои се под контрола, инциденцата повеќе не е вистински показател за епидемиолошката ситуација.
Шпанското министерство за туризам во петокот не сакало да ја коментира одлуката на Берлин.
Германија, пак, во последните две седмици имала 17 новозаразени на 100.000 жители, а во истиот период Шпанија имала 624, а Холандија 670 нови случаи на Covid-19, според Европскиот центар за превенција и контрола на болестите.
Во задолжителна изолација во Германија патниците од државите со висока инциденца нема да мора да одат, доколку оздравеле од Covid-19 во текот на последните шест месеци. Новите мерки на германските власти за патниците при доаѓање од Шпанија и Холандија стапуваат на сила во вторник, 27-ми јули.