Германија го прекина извозот на оружје во Казахстан поради тамошните немири, јави ДПА. Преземени се неопходни чекори за да се спречи извозот на таква стока во централноазиската република. Минатата година беа издадени 25 дозволи за испорака на оружје за Казахстан во вкупна вредност од околу 2,2 милиони евра.

Тоа е релативно ниска сума, но прекинот на овој вид извоз се сметаше за неопходен со оглед на моменталната ситуација во таа држава. Алмати, најголемиот град во Казахстан и негов економски главен град, со денови е сцена на немири.