Се затвораат и ноќните клубови и областите каде што заразата е најголема, додека на манифестациите од поглемо размери бројот на гледачи ќе биде намален.
Како што потврди Меркел, 2G правилата ќе бидат проширени на рестораните, а пристапот до културните и рекреативните објекти ќе биде достапен само за вакцинираните и оние кои прележале КОВИД, без оглед на негативниот тест.
-Културните настани и оние кои се прават во слободно време ќе бидат отворени само за луѓето кои се вакцинирани или се опоравиле од КОВИД истакна Меркел.
Таа додаде дека сфатиле оти ситуацијата е многу сериозна и сакаат да преземат дополнителни мерки. Меркел рече и дека од февруари 2022 година може да биде воведена и задолжителна вакцинација за сите, откако за тоа ќе се дискутира во парламентот. Како што изјави канцеларката, кога би била би гласала за тој предлог.