Не стивнуваат реакциите по вчерашниот скандалозен статус на Бранко Тричковски. Пензионираниот новинар близок до СДСМ објави дека Македонецот нема национален идентитет и се претставува како Србин.

„Што е Македонецот по националност!? Во секој Македонец постои Бугарин кој чека да излезе! Србинот му е аутфит. Пудра, првут, перика, Ноле, Цеца, Аца и Дара Бубамара… Добро, а има ли Македонец во Македонецот? Или врз него? Нема! Македонецот не постои како суштина, душа, внатрешност, тајновитост… А не постои ниту како лак за нокти или маскара, како силуете влошка, како перика… Тој е чад од буките што горат во шпоретот „Препород“! Сива боја од оџакот во Ватикан кога Конклавата ќе избере папа. Македонецот е Бугарин кој се претставува како Србин. Всушност, глуми. Надевајки се дека овие ќе го спасат од Шиптарите. Ко и Бугарите. Македонецот по националност е ништо. Можеби говно, ако има таква нација. Која друга посебност може по четврти пат за 35 години да влезе во ренесанса така што ќе му доаволи, всушност, ќе ги замоли ВМРО, да и го хуманизира пеколот!Со восхитувачка инфантилност. Додека премиерот прди и државата смрди.“- напиша Тричковски.

На ваквиот статус одговори нонинарот Бранко Героски. Тој прашува дали ова е „слобода на говорот“? Героски неговиот колега го опишува како „македономразец“.

“МАКЕДОНЕЦОТ ПО НАЦИОНАЛНОСТ Е ГОВНО”, ВЕЛИ ТРИЧКОВСКИ – АЈДЕ СЕГА БРАНЕТЕ ГО, ВО ИМЕТО НА СЛОБОДАТА НА ГОВОРОТ!

Еве го најновото “критичко преиспитување” на прашањето “што е Македонецот”, од перото на првото перо на пропагандата на СДСМ, македономрзецот Бранко Тричковски. “Македонецот по националност е ништо. Можеби говно, ако таква нација постои”, вели Тричковски.
Ама неее… Ова не е говор на омраза, нели?