Нападнати малолетници во Маџари
37-годишна скопјанка пријавила дека во скопско Маџари нејзиниот малолетен син, заедно со неговите двајца другари кои биле на стадионот „Борис Трајковски“ да гледаат фудбалски натпревар, биле физички нападнати од маскирани лица со тврди предмети.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (18.01.2026) во 13:15 часот Е.О.(37) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Маџари нејзиниот малолетен син, кој бил заедно со уште двајца негови другари кои заминале на фудбалскиот стадион „Борис Трајковски“ да гледаат фудбалски натпревар, бил физички нападнат од неколку лица со фантомки, најверојатно малолетници, кои употребиле и тврди предмети, а двајца од нив снимале и со мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Нападнати малолетници во Маџари
