Граѓаните не се задоволни од нив, а ревизијата за нивното работење ќе си ја прават независни институции, кажа Орце Ѓеоргиевски, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Кисела Вода организирана во истата општина.
-4 години низ Кисела Вода гледаме бетонизација, дотрајани и ископани улица, канализациони и водоводни системи без капацитет, уништени паркови, напуштени и девастирани објекти и игралишта, кажа Ѓеоргиевски.
Тој посочи дека власта и Филип Темелковски не направија ништо во изминативе 4 години.
-Време е за решенија за проблемите. Јас ја барам поддршката од сите наши сограѓани. Не е време ниту за лево, ниту за десно. Време е да тргнеме напред. За да има нормални услови за живот за сите, за да прекине рушветот и митото, да има рамномерен развој, повеќе паркови, детски игралишта и инклузивност на ранливите категории, рече Ѓеоргиевски.
Тој се обврза да биде меѓу граѓаните, на терен.
-Гласот за малите партии кои ќе имаат свои кандидати во Кисела Вода е глас за Филип Темелковски и СДСМ. Затоа ја барам вашата поддршка без разлика на која партија и да припаѓате кажа Ѓеоргиевски со што и го заврши својот говор пред присутните, се наведува во партиското соопштение.