Во изјава за српскиот весник „Новости“, првиот светски рекет вели дека за конечна одлука ќе мора да почека да ги дознае и дефинитивните услови за патување во Австралија кои ќе ги донесе таа земја.
-Искрено, не знам дали ќе играм. Австралија можеби ќе дозволи да се влезе, па потоа во Викторија да има некое друго правило. Ќе почекаме до конечните услови, вели Ѓоковиќ.
Во моментов тој е во Париз каде денеска ќе почне со настап во двојки со Крајиновиќ.