Новак Ѓоковиќ би требало да игра на Ролан Гарос, тврди Газета дело Спорт.

Имено, Франција одлучи да направи измени во законот поврзан со вакцинацијата. Ѓоковиќ неодамна изјави дека не бил вакциниран, но и дека се заразил со коронавирусот на крајот на декември. Лицата кои се заразиле со коронавирус во последните шест месеци можат слободно да се движат во Франција, па Ѓоковиќ треба да има право на настап по тој основ, доколку нема дополнителни промени.

Ролан Гарос започнува на 22 мај, а завршува на 5 јуни. Ѓоковиќ бил позитивен на 16 декември, а негативен на 22 декември. Откако му беше забранет влез во Австралија на Австралија опен, од Франција најпрвин стигна информација дека на Ролан Гарос ќе играат само вакцинираните играчи, а истата информација стигна и од Шпанија. На Вимблдон и УС Опен не може да се настапи без вакцини.