Српскиот тенисер мина 139 минути на теренот пред да забележи уште една победа во Лондон, овој пат со резултат 6:3/6:4/6:4 и веќе го очекува следниот противник за дуелот во петок.

Ѓоковиќ започна фуриозно, со два брејка по ред и 4:0 во првиот сет, подоцна Фучович врати еден брејк, но тоа беше доволно само за 6:3 во овој сет.

Унгарецот прикажа солидна партија, во која во продолжение му дозволи на противникот само по еден брејк, а тоа беше сосема доволно за конечни 3:0 во корист на Ѓоковиќ.

Во полуфиналето, светскиот рекет број еден ќе се соочи со подобриот од мечот Шаповалов-Хачанов.