Новак Ѓоковиќ продолжува со убедливи партии на првиот гранд-слем турнир во сезоната Австралија опен. Србинот се пласираше во полуфиналето на турнирот во Мелбурн откако во последното четвртфинале со максимални 3-0, по сетови 6-1, 6-2 и 6-4 славеше над Русинот, Андреј Рубљов.
Русинот беше уништен во првите два сета, додека некаков отпор пружи само во последниот во кој поранешниот прв тенисер во светот успеа да стигне до само еден брејк (6-4). Во полуфиналето Ѓоковиќ го чека Американецот, Томи Пол.
Второто полуфинале на Австралија опен го сочинуваат Гркот, Стефанос Циципас и Русинот Карен Хачанов.