Орце Ѓорѓиевски градоначалник на општина Кисела вода во Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител вели дека неколку пати алармирале и ја повикува градоначалничката Данела Арсовска да го исчити Скопје од сметот, но била насочена кон ловење на криминалци и бандити, освен во конкретна акција во која што треба да се впиштат, а тоа е како што рече тој чистење на градот, пренесува Netpress.

Градоначалничката свика Кризен штаб после неколкуте повици од наша страна да се излезе и да се исчисти градот, вели Ѓорѓиевски.

На прашањето зошто го фрлиле отпадот пред ЈП Дрисла и дали ќе ја плати казната, Ѓорѓиевски рече дека казната нема да ја плати бидејќи час и половина се иживувале и директорот и вработените од ЈП Дрисла недозволувајќи им да го одложат отпадот во претрпријатието.

Клучниот момент е дека ако ние не излеговме на терен, знак прашалник е дали ѓубрето и денеска ќе беше собрано, смета тој.

Не можам да платам казна која што не е во согласнот со законот односно казна која што е напишана со излегување од надлежностите, бидејќи инспекторите кои што ја имаат пишано казната на општина Кисела Вода излегле од својата надлежност бидејќи истата е напишана на туѓа територија, а тоа е територијата на општина Студеничани, потенцираше Ѓорѓиевски.