Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Кисела вода во емисијата 24 анализа рече дека никој не го спори фактот дека се потребни вложувања во инфраструктурата и е за поздравување.
– Од самиот почеток на одвивање на целиот процес поврзан со овој проект и начинот на којшто се криеше од очите на јавноста сето ова време за да се биде совршено, остава простор сите да се сомневаме во исправноста на истиот. Оние законски регулативи со кои беше злоупотребено европското знаменце, се регулативи кои на несоодветен начин се практикуваа за да се заокружи таа брза форма на испумпување на големи сретства од буџетот кон овој проект. не сме против и8нвестицвии, но самиот процец на која се одвива оваа полукриминална операција, остава сомнеж дека нешто не е како треба. Указот од претседателот кој го потпиша. Пендаровски и Ковачевски се една иста паричка со две различни страни и оние 200 милиони евра беа однапред исплатени. – рече Ѓорѓевски.
Тој посочи дека оваа влада нема капацитет да реализира ваков проект, а парите кои се дадени однапред со нив може да се изградат стотици училишта, градинки, да се реновираат болници.
– На крајот на денот оние пари над 200 милиони евра кои однапред треба да се исплатат, 200 милини евра ние како градоначалници знаеме дека се 150 до 180 нови училишта во државата, најмалку 150 до 180 нови градинки или реконструкција на сите здравствени домови онаму каде што има. Доаѓам од скопска општина каде нема поликлиника и е неопходно да се изгради. Не се прави јасна дистинкција во Македонија кои се приоритетите и што е она првото, потенцираше Ѓорѓиевски.