-Зошто нема обрасци за пасочи, лични карти, и другите обрасци? Па името е променото пред две години, а тие не успеаја да спроведат јавни набавки и граѓаните да ги остварат своите права, сега министерот вели склучен е договор за 11 милијарди денари договор, а не знае јавноста ништо во врска со тендерот за пасоши, за таблички, за лични карти. И постапката течела, ама некој заборавил на граѓаните, рече Ѓурчевски.

Тој посочи дека кога зборува за светски моќници зборува за високите претставници на ЕУ и НАТО, затоа што тој смета дека, нивната горчина што се издавани пасоши на мафијаши, допрва ќе ја видиме зошто Македонија штити големи криминалци кои ги гонат големите држави.

– МВР требаше списокот да го достави до сите држави во светот и кој идентитет на кој е даден за да ако лицето се појави на граница да биде проверено и МВР требаше веднаш да го извести обвинителството. Обвинителството потфрли во класификација на делото каде не станува збор само за злоупотреба на службена должност, рече Ѓурчевски.