Германската биотехнолошка компанија КјурВак се покажала ефикасна во 47 отсто случаи во текот на тестирањата.
– Беше разочарувачко да се видат резултатите од тестирањето на КјурВак, изјави Сваминатан на прес-конференција.
Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти вчера дека не е подготвена да наметне праг на ефикасност од 50 отсто за вакцините против Ковид-19, додавајќи дека и се потребни целосни податоци од испитувањата за добро да ги процени користа и ризиците од вакцините.