На денешен ден, 5-ти мај во 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија била усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква, а по два месеца, тогашното Министерството за просвета го озаконило првиот правопис на македонскиот јазик.

Кодификацијата на современиот македонски стандарден јазик се заокружува со основоположничките дела на Блаже Конески: Граматиката на македонскиот литературен јазик, Речникот на македонскиот јазик и Историјата на македонскиот јазик, како и со ангажманот и делото на македонскиот деец и автор на првата Македонска граматика – Круме Кепески.

Азбуката првпат била отпечатена во весникот „Нова Македонија“, во празничниот број 104 од 4, 5, 6 и 7 мај 1945 година.

Македонската азбука е официјално и единствено писмо на македонскиот јазик, со кое на македонски јазик се напишани и објавени илјадници книги што се читаат од Македонците, но и од припадници на другите нации кај нас и по светот.