СВР Тетово поднесе кривична пријава против 37-годишен тетовец поради сомнение дека нападнал полициски службеник при вршење сообраќајна контрола.

Според информациите од МВР, на 19 мај годинава полициски службеници во тетовското село Долно Палчиште сопреле патничко возило „ауди“, управувано од Н.М. од Тетово.

При обид полицајците да извршат преглед на лицата кои се наоѓале во автомобилот, пријавениот физички нападнал еден од полициските службеници.

Против 37-годишникот е поднесена кривична пријава за „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.