Илјадници граѓани се собраа пред зградата на Собранието барајќи да се донесат низа мерки за запирање на промовирањето насилство на јавниот простор.

Во Белград се одржа протестен митинг „Србија против насилството“.

Илјадници граѓани се собраа пред зградата на Собранието барајќи да се донесат низа мерки за запирање на промовирањето насилство на јавниот простор.

Меѓу барањата е разрешување на сите членови на Регулаторната агенција за електронски медиуми, повлекување на фреквенциите од медиумите кои промовираат насилство и неморал.

По читањето на барањата тие молчејќи се упатија кон зградата на Владата на Србија.

Граѓаните се собраа на покана на неколку парламентарни опозициски партии, испратени по двете масовни престрелки во кои беа убиени 17 лица, главно млади луѓе.