Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Д.А.(39) од с.Гарани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
На 28/29.07.2021 година, при претрес во домот на пријавениот, полициски службеници пронашле и одзеле 587,2 грама хероин, предмети со остатоци од хероин, две стебла канабис и еден ловен патрон.
На пријавениот му бил одреден и притвор од судија на претходна постапка при Основен суд Кичево.