Огромна тага владее во Пожега и околината поради смртта на младиот војник Јаков Бочкај, пренесе Макфакс.

Тој бил брутално претепан ноќта од петокот кон саботата од неговиот пријател М.К. (20). СПорред медиумите, тие биле на заедничко ноќно излегување.

Се уште нема информации кои се причините поради кои М.К. дивјачки го нападнал пријателот Јаков со кој пораснал и играл фудбал. Но се знае дека го тепал додека Јаков не се онесвестил. Министерството за одбрана вчера соопшти дека нивниот припадник бил пронајден во бессознание околу 02:25 часот на главниот плоштад во Пожега.

Полицијата денеска ги соопшти деталите за тепањето. Тие изјавиле дека по кратка вербална расправија, 20-годишникот физички го нападнал 21-годишниот удирајќи го неколку пати во пределот на главата. „Од ударите 21-годишникот паднал на подот, а тој продолжил да го удира уште неколку пати и го напуштил местото на настанот. Повредениот 21-годишник бил пренесен во Општа жупаниска болница во Пожега, каде што почина во неделата на 16 април од здобиените повреди“, соопшти полицијата.

М.К. нешто по 14 часот е спроведен на распит во Жупаниското државно правобранителство во Славонски Брод. На распит бил донесен од двајца полициски службеници од итната помош, а рацете му биле врзани со лисици. Тој влегол во просториите на жупаниското државно правобранителство со качулка на главата.

Во меѓувреме од убиениот Јаков се простуваат пријатели, познаници, фудбалскиот клуб во кој настапуваше, клубот од каде што стартуваше..